|
Интернационалниот фестивал на класична музика ИНТЕРФЕСТ-БИТОЛА кој традиционално се одржува од 02-12 октомври е основан во 1992 година . Иницијатор, основач и негов прв директор е Милица Шперовиќ-Рибарски, пијанист и професор на ФМУ Скопје. Соосновачи се: Кирил Рибарски, македонски тромбонист со светско реноме и Благој Стефановски, директор на Народен театар Битола. Проектот го поддржаа тогашниот Министер за култура, Исмаил Ѓунер и спонзорите: Жито - Битола , со директорот Петар Илиевски, Гро Пелистер- Силјан Мицевски и Унипроком - Велија Рамковски.
Од 1994 год. директор е Кирил Рибарски, а Милица Шперовик-Рибарски уметнички директор .
Фестивалот се одржува под покровителство и со финансиска помош на МИНИСТЕРСТВОТО ЗА КУЛТУРА НА Р. МАКЕДОНИЈА. Фестивалот го помагаат и: Општина Битола со некои битолски фирми, а повремено беше потпомогнат и од Министерството за образование, Министерството за внатрешни работи и Министерството за одбрана, раководени од Министрите Положани, Томислав Чокревски и Благој Ханџиски, како и од фондациите ИООМ- Сорос, Про Хелвеција.
Од 2000 до 2005 година Генерален спонзор на Фестивалот беше Кометал Трејд и Трифун Костовски кој 2002 год. на градот Битола му подари концертно пијано “Безендорфер Гранд Концерт 280”.
По својот ранг Фестивалот спаѓа во манифестации од национално значење.
ПРОГРАМАТА е распоредена на единаесет фестивалски вечери и ја сочинуваат: 13-15 концерти и музичко- сценски приредби, 2-3 драмски претстави и една поетска вечер на која се претставуваат еминентни македонски поети. Битолскиот театар како врвен македонски драмски ансамбл традиционално учествува на секое фестивалско издание со своја премиера.
Пропратни активности на ИНТЕРФЕСТ-БИТОЛА се: Мајсторски школи како и ликовни и археолошки изложби.
МАЈСТОРСКИТЕ ШКОЛИ, раководени од еминентни уметници- професори на најпознатите светски конзерваториуми, се одржуваат по различни дисциплини: пијано, виолина, виолончело, соло пеење, тромбон, труба, кларинет, гитара. Во последните години тие имаат регионален карактер - покрај учениците, студентите и младите уметници од Македонија, на нив учествуваат и кандидати од земјите на Источна Европа.
Во изминатите 18 изданија на Фестивалот се одржани преку 300 фестивалски приредби на кои настапија врвни уметници и ансамбли од педесеттина земји на Европа, Азија, Северна и Јужна Америка, Африка и Австралија.
Во 2001 год. Фестивалот реализираше два нови значајни проекти:
-РЕГИОНАЛЕН КАМЕРЕН ОРКЕСТАР со учесници од 6 земји на источна Европа;
-ИНТЕРНАЦИОНАЛЕН ПИЈАНО НАТПРЕВАР ( од 2001-2005) за пијанисти изведувачи и млади пијанисти, прв во Македонија од таков вид. Наградниот фонд на натпреварот беше донација на ТРИФУН КОСТОВСКИ.
Со посредство на МРТ и директно или одложено емитување на фестивалските приредби ИНТЕРФЕСТ-БИТОЛА станува достапен на целиот македонски аудиториум и многу пошироко. Со своите врвни уметнички дострели придонесува за растежот на културното живеење на Битола и Македонија но и за афирмацијата на македонската музичка култура во светот.
Фестивалот се одржува во извонредно акустичните сали на Битола: Завод Музеј Галерија Битола, Дом АРМ, Народен театар, Дом на култура голема сала, Соборен храм Св. Димитрија, Св. Богородица ( духовна музика). Некои од концертите се дислоцирани во Скопје, Прилеп, Куманово, Струмица, Штип.
АНТОЛОГИСКИ НАСТАНИ ПРИРЕДИЈА:
- ЛАУРЕАТИТЕ на најпознатите светски конкурси: Данг Тај Шон, Чаи Чоу, Стефан Миленковиќ, Ливиу Прунару, Марчела Крудели, Еми Верхеј, Грегори Жислин, Јован Колунџија, Љубов Тимофејевна, Габриел Камеда, Ајман Мусакоџајева, Пјер Скеренг, Пјер Омаж, Ана Кааса, Јен-Јен Ванг, Ке Чинг Лиу, Максвел Ли, Тадеуш Козловски, Антон Нанут, Акилес Дел Вињ, Дуња Вејзовиќ, Инголф Олсен, Павел Егоров, Дијана Андерсон, Андреа Кардинале, Тереза Тревизан, Филипо Тревизан, Константин Богино, Мигуел Проенца, Михаил Турич, Сермет Хусеин, Франческо Николози, Масимо Мерчели, Петер Шулмајстер, Ги Леклер, Марина Тарасова, Сергеј Судзиловски, Амир Тебеникин, Мишел Бурдонкл, Андреј Диев кој на ИНТЕРФЕСТ 2002 го промовираше новото пијано Безендорфер Гранд Концерт 280, Луис Мерелес, Стефано Баљано, Фабио Фуриа, Ана Ферер, Анатолиј Крстев, Џована Манчи, Карл Понтен, Домна Евнохиду, Борис Краљевиќ, Данило Новаковиќ, Пинар Челик, Кристијан Ткачевски, Едвард Кунц, Виталиј Писаренко.
МАКЕДОНСКИТЕ УМЕТНИЦИ: Кирил Рибарски, Милица Шперовиќ-Рибарски, Васка Биџова- Гајдова, Благој Николовски, Симеон Гугуловски, Лилјана Зенделска, Зоица Пуровска, Зоран Велевски, Милка Ефтимова, Борис Трајанов, Валери Стефановски, Зорица Миленковиќ, Стојан Димов, Рита Трпчева- Поповиќ, Сашо Николоски- Ѓумар, Оливер Балабурски, Благој Нацоски, Весна Гиновска, Дуо Гелебешеви, Марија Муратовска, Билјана Јовановска- Јакимовска, Јасминка Чакар, Мери Кавкалеска- Стоилкова, Марјан Николовски, Михајло Куфојанакис, Тодор Светиев, Васил Атанасов, Гордана Јосифовска, Зоран Казаков, Ана Вељановска, Маја Стојановска, Емил Рибарски и други.
- Операта при МНТ, Балетот при МНТ, Македонската филхармонија;
- КАМЕРНИТЕ ОРКЕСТРИ: Новосибирска филхармонија- Русија, Антонио Лучио- Холандија, Камерата Романика- Романија, Роттердамс Камероркест од Холандија, Душан Сковран-Југославија, Камерниот оркестар при МРТ, Регионалниот камерен оркестар при ИНТЕРФЕСТ- БИТОЛА, Софиски солисти, Бугарија, Камерата Казахстан;
- МОСКОВСКИОТ ДРЖАВЕН ТЕАТАР НА КЛАСИЧЕН БАЛЕТ и Машкиот балет на Валери Михајловски од Русија, Балетски трупи од Франција, Балетска трупа од Венецуела, Балетот при МНТ;
- КАМЕРНИ АНСАМБЛИ: Бриндизи квартет-Англија, Квинтет Куеста- Шпанија, Трио Жан Пол, Ехнатон Трио, Арцис Трио, Атос Трио, Мингует квартет од Германија, Трио Тагоре, Белградско дувачко трио, Темпера барока од Србија, Трио Академија- Турција, Квартет Гајдов, Камерно студио Бахус, Дувачки квинтет од Македонија и други.
- ХОРСКИ АНСАМБЛИ: Хор на МРТВ, “Св. Злата Мегленска”, Хор при Соборниот храм Св. Климент Охридски, Младински хор на Запро Запров, “Стив Наумов”, Битола
-ЛИКОВНИ ИЗЛОЖБИ: “Македонско современо сликарство”, “ Изложба на битолски ликовни уметници”, “Сликарство на ЏЏ век”, “ Од графика до слика” (Драган Анѓелковиќ, Никола Ефтимов, Слободан Вигњевиќ), самостојни изложби приредија: Франко Векиет (Италија), Миливоје Новаковиќ- Кањош (Србија), Вангел Наумовски, Адем Кастрати, Глигор Чемерски, Сергеј Андреевски, Слободан Вигњевиќ (Македонија)
“ Изложби на поштенски марки и поштенски картички од Македонија”, поставка на Красимир Трајковски
“Икона во сребро” изложба на ЦД-РОМ
- АРХЕОЛОШКИ ИЗЛОЖБИ: “Бронзено време” поставка на Драгица Симовска, “Приказание”, автор Марија Василева, “Карпеста уметност на тлото на Македонија”, поставка на Душко Алексовски
- 8 ПОЕТСКИ ВЕЧЕРИ СО: Радован Павловски, Анте Поповски, Блаже Конески, Петре М. Андреевски, Јордан Плевнеш, Светлана Јоциќ, Михаил Ренџов, “Вечер на македонска револуционерна поезија”
М-р Кирил Рибарски, тромбонист
Директор

М-р Милица Шперовиќ-Рибарски
Уметнички директор