mak 33-ти Интерфест
02-11 Октомври, 2024
Битола, Република
Северна Македонија
eng
 

 

 

IX ИНТЕРНАЦИОНАЛЕН ПИЈАНО НАТПРЕВАР

ИНТЕРНАЦИОНАЛЕН  НАТПРЕВАР ЗА ПИЈАНИСТИ
05 – 07  Октомври 2018

ИНТЕРНАЦИОНАЛЕН  НАТПРЕВАР  ЗА  МЛАДИ
ПИЈАНИСТИ

06 – 07  Октомври 2018

ПИЈАНО БЕЗЕНДОРФЕР ГРАНД КОНЦЕРТ 280
Донација: ТРИФУН КОСТОВСКИ

Уметнички директор
МилицаШперовиќ-Рибарски

Директор
КирилРибарски

Жирито е составено од пет реномирани интернационални пијанисти и професори

Совет на натпреварот:

Кирил Рибарски, директор на Интерфест-Битола
Катерина Велковска, директор на ДМУЦ Битола
Марија Шамоска - Буџаковски, пијанист, професор
Емил Рибарски, пијанист, професор

 

 

ИНТЕРФЕСТ - БИТОЛА  ИНТЕРНАЦИОНАЛЕН  ПИЈАНО НАТПРЕВАР ЗА ПИЈАНИСТИ ИЗВЕДУВАЧИ

Деветтиот Интернационален пијано натпревар за пијанисти изведувачи ќе се одржи во Битола од  05-07 Октомври 2018 и на него можат да учествуваат пијанисти од сите националности родени 1987 и помлади.

ПРАВИЛА

1. Сите композиции треба да се изведуваат напамет.
2. Кандидатите можат да ги користат пијаната според распоредот.
3. Членовите на комисијата не ги оценуваат кандидатите со кои се во роднинска или педагошка врска.
4. Комисијата може да ја прекине изведбата на некое дело доколку смета за потребно.
5. Кандидатите кои не влегуваат во следната етапа добиваат сертификат за учество, финалистите добиваат диплома.
6. Првата награда и Специјалните награди се неделиви.
7. Жирито може да не ги додели сите награди. Одлуките на жирито се конечни.

ПРОГРАМА

ПРВА  ЕТАПА  (елиминаторна)
Ј.С.Бах: Прелудиум и фуга од “Добро темпериран клавир”;
Една етида од Шопен или Лист;
Прв став од класична соната од Моцарт, Хајдн, Клементи, Бетовен.
ВТОРА  ЕТАПА  (елиминаторна, 40-45 минути)
Една од позначајните сонати нa XVIII, XIX, XX век.
Капитално дело (дела) по избор на кандидатот.

ТРЕТА ЕТАПА – ФИНАЛЕ
Концерт или Варијации за пијано и оркестар:
Моцарт, Бетовен, Менделсон, Шопен, Лист, Шуман, Григ,
Брамс, Франк, Чајковски, Равел, Рахмањинов, Хачатуријан, Прокофјев.

НАГРАДИ
Прва Награда: 1.000 Евра
Рецитал  во  2019
Втора Награда: 600 Евра
Трета Награда: 400 Евра

Специјална награда „ПРЕМИО ФИЛИПО ТРЕВИЗАН“
Донација на фамилијата ТРЕВИЗАН, Италија

 

 

ИНТЕРНАЦИОНАЛЕН НАТПРЕВАР НА МЛАДИ ПИЈАНИСТИ

Деветтиот Интернационален натпревар на млади пијанисти се одржува од 06 - 07 Октомври 2018, во НУ Завод и Музеј Битола и на него можат да се јават ученици и студенти од сите националности.

КАТЕГОРИЈА А: Кандидати родени 2009 и помлади;
КАТЕГОРИЈА А1: Кандидати родени 2007 и помлади;
КАТЕГОРИЈА B: Кандидати родени 2005 и помлади;
КАТЕГОРИЈА C: Кандидати родени 2002 и помлади;
КАТЕГОРИЈА D: Кандидати родени 1999 и помлади;
КАТЕГОРИЈА Е: Кандидати родени 1996 и помлади.
Натпреварот се одвива во една етапа.

ПРОГРАМА

КАТЕГОРИЈА А (5 минути)
Ј.С.Бах: Композиција по избор
Две или повеќе композиции по избор.
КАТЕГОРИЈА А1 (10 минути)
Ј. С. Бах: Мал Прелудиум
Една етида
Прв став од Сонатина или Соната
Композиција  по избор
КАТЕГОРИЈА В (15 минути)
Ј. С. Бах: Двогласна или Тригласна Инвенција или два  става од свита;
Една етида
Прв став од класична соната; Хајдн, Моцарт, Betoven
Композиција по избор на кандидатот.
КАТЕГОРИЈА C ( 20 минути)
Ј. С. Бах: Прелудиум и фуга од “Добро темпериран клавир”
Една етида
Прв став од класична соната: Моцарт, Хајдн, Бетовен
Една или повеќе композици по избор
КАТЕГОРИЈА D  (25 минути)
Ј.С.Бах: Прелудиум и фуга од “ Добро темпериран клавир”
Една етида од Шопен или Лист
Прв став од класична соната (сонатна форма)
Една или повеќе композиции по избор на кандидатот
КАТЕГОРИЈА E  (30 минути)
Ј.С.Бах: Прелудиум и фуга од “Добро темпериран клавир”
Во 4 гласа
Една етида од Шопен или Лист
Една соната
Една или повеќе композиции по избор

 

 

ПРИЈАВУВАЊЕ

 

Пријавувањето треба да биде до 15 септември  2018 год.
Потребни документи:

1. Пријава со основни податоци за кандидатот и програма,
2. Фотокопија од лична карта или пасош,
3. Фотографија,
4. Потврда за уплата на износ од:

Жиро сметка: Интерфест-Битола 300000001718294
Комерцијална банка АД Скопје, ЕДБ: 403000480683
Котизацијата може да се плати и во Битола.

Пријавите да се испраtат на e-mail:
interfestcompetition@yahoo.com

Секретаријат: Скупи 1А бр.14, 1010 Скопје, Р. Македонија
Тел: Битола +389 70 622-623, Скопје +389 76 976-630
Веб страница: www.interfest.com.mk

 

Натпреварот е организиран со помош  на:

МИНИСТЕРСТВО  ЗА  КУЛТУРА  НА  Р. МАКЕДОНИЈА
Description: C:\Users\user\Downloads\Ministerstvo za kultura.jpg
СОБРАНИЕ НА ОПШТИНА БИТОЛА
НУ ЗАВОД И МУЗЕЈ БИТОЛА
ДРЖАВЕН МУЗИЧКИ  УЧИЛИШЕН ЦЕНТАР БИТОЛА

 

Покровител и финансиер:ministerstvo za kultura na makedonija kultura

Спонзори:

grb bitola
СОВЕТ НА ОПШТИНА БИТОЛА

 

Гн. Трифун Костовски, донатор на пијано
БЕЗЕНДОРФЕР ГРАНД КОНЦЕРТ 280

kiro dandaro

Награден фонд
Трифун Костовски

Награден фонд
Фамилија Тревизан

ИНТЕРФЕСТ-БИТОЛА е организиран во соработка со:
ЗАВОД МУЗЕЈ ГАЛЕРИЈА, Битола
НАРОДЕН ТЕАТАР - БИТОЛА
МУЗИЧКО УЧИЛИШТЕ, Битола

ИНТЕРФЕСТ-БИТОЛА
Директор: Кирил Рибарски
Уметнички директор:
Милица Шперовиќ - Рибарски
Менаџер: Емил Рибарски
Дирекција:
Никола Грчето, 6/15, 1000 Скопје, Македонија
Телефон/факс 02 2611051
Email: intfestbt@yahoo.com
www.interfest.com.mk

Кире Ристевски, клавир штимер
Слободан Вигњевиќ, дизајн на плакат